Израелска армија: Иранските сили се повлекуваат од Сирија

Од:

Израелската армија соопшти дека иранските сили полека се повлекуваат од Сирија, како резултат на израелските напади и зголеменото незадоволство на населението во Иран од економската криза предизвикана од санкциите и последиците од пандемијата.

Наведено е дека тоа повлекување „од разни локации до други пооддалечени места… не е обемно, но е „неоспорно“.

Израелската армија им го соопшти тоа на новинарите, објаснувајќи дека заклучокот се засновал на доверливи разузнавачки информации.

Иран има воени сили во Сирија и ги поддржува екстремистите на Хезболах во Либан, а во Појасот Газа го снабдува Исламски џихад со оружје, обезбедува пари и обука и го поддржува Хамас, кој е на власт во таа палестинската територија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град

Конфликти на границата со Сирија: Има мртви и ранети