Израелка раскажа како и ги киднапирале децата

Од:

Мајка од Израел за Си-Ен-Ен раскажала како вчера милитанти на Хамас упаднале во нејзиниот дом и ги киднапирале нејзините деца, токму додека таа разговарала со нив на телефон. Од безбедносни причини не се соопштува идентитетот на мајката и децата.

Мајката рече дека нејзините деца, на возраст од 12 и 16 години, биле сами дома.

“Околу 8:30 слушнаа како ја кршат вратата. Рекоа дека некој ја крши вратата. Беа исплашени до смрт. Не можам ни да замислам како се чувствуваат. И не можев да им помогнам”, рече таа.

Потоа им рекла да молчат, да останат во безбедната соба и да ја заклучат вратата.

„Околу петнаесет до девет слушнав по телефон дека некој ја крши вратата. Терористите почнаа да им кажуваат нешто на моите деца на арапски. И тогаш линијата згасна. Тоа беше последен пат кога се слушнав со нив. Тоа беше многу, многу тежок ден“, рече таа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

Макари: Сакаме примирје со Израел, правиме дипломатски напори

Израелски медиуми: Авиони го бомбардираа засолништето на шефот на Хезболах со повеќе од 80 тони бомби

ABC News: Израелските војници влегоа во Либан

Израелски тенкови снимени во близина на границата со Либан

Халеви: Израел ќе посегне до секој што ни се заканува

Горан Наумовски