Израел воведува неплатено отсуство за наставниците без сертификат за вакцинација и негативен тест на Ковид-19

Од:

Наставниците во Израел без сертификат за вакцинација, а кои исто така не сакаат да бидат тестирани за Ковид-19, нема да можат да ја вршат својата работа од 3 октомври и нема да примаат плата, соопшти израелското Министерство за образование.

Таканаречениот „зелен пасош“ може да им се даде на лица кои биле вакцинирани или оздравеле од Ковид-19. Наставниците без „зелен пасош“ или без негативен тест, исто така, нема да можат да одржуваат онлајн настава и нема да примаат плата, потврди денеска портпаролката на Министерството за образование.

Според медиумските извештаи, од 3 октомври, потврдите за имунизација ќе важат само шест месеци по примањето втора доза вакцина. Потоа, неопходно е да примат трета доза вакцина.

Министерството за здравство денеска потврди за 5.921 нови случаи на инфекција. Досега, 60 проценти од 9,4 милиони луѓе во Израел се вакцинирани со две дози, а нешто помалку од 34 проценти ја примиле третата доза. Експертите тврдат дека здравствениот систем е преоптоварен со невакцинирани пациенти.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел