Израел усвои мерки за ублажување на блокадата на Појасот Газа

Од:

Израел денеска одобри серија мерки за ублажување на блокадата на Појасот Газа, вклучително и отворање на голем граничен премин за увоз на стоки на палестинската територија.

Мерките беа соопштени еден ден откако израелските власти дозволија увоз на потребните градежни материјали за реконструкција на Појасот Газа по неодамнешната војна меѓу израелската армија и Хамас.

Тензиите беа високи во последните недели, бидејќи припадници на Хамас, кој владее со Газа, пуштија запаливи балони во Израел и предизвикаа пожари долж границата, истовремено организирајќи серија повремени насилни демонстрации во близина на оградата на границата.

Според израелското Министерство за одбрана задолжено за палестинските граѓански работи, Владата одобрила проширување на зоната во која е дозволен риболов во Средоземното Море во Појасот Газа, отворање на преминот Керем Шалом, зголемено снабдување со вода и бројот на трговци кои можат да влезат во Израел.

Меѓутоа, беше предупредено дека овие мерки зависат од континуираното зачувување на безбедносната стабилност во регионот на долг рок.

Би можело да ве интересира

САД и Германија ги предупредија Израелците да не ја напаѓаат Рафа

Британците првпат со падобрани испорачаа помош во Газа, испратија порака и до Израел

Катерина Ѓуровски

Министерство за здравство во Газа: Досега починале 32.333 Палестинци

Израел не дозволува конвои со храна да минуваат до северниот дел на Газа

Катерина Ѓуровски

САД предлага итен прекин на огнот во Газа

Блинкен во обид да договори примирје меѓу Хамас и Израел