Израел со серија ограничувања повторно ќе се бори против коронавирусот

Од:

Израел денеска воведе редица ограничувања во борбата против ширењето на коронавирусот, вклучувајќи ги и затворањето на баровите, ноќните клубови, спортските сали и салите за културни настани, јавија британските медиуми.

Во заклучоците од специјалната седница на владиниот кабинет за здравствената криза, премиерот Бенјамин Нетанјаху рече дека Израел мора да го смени курсот за да избегне поширок карантин што може да ја парализира економијата, во која невработеноста достогна над 20 отсто.

-Пандемијата се шири, тоа е јасно како ден. Секојдневно се зголемува и се одолговлекува со неа, наспроти она што ни беше кажано, рече Нетанјаху.

Во соопштението на владата се вели дека покрај непосредното затворање на баровите, ноќните клубови, спортски сали, салите за настани и културни настани, бројот на лица во рестораните ќе биде ограничен на 20 за затворените простории и 30 на отворено.

Присуството во синагогите е ограничено на 19 верници, а во автобусите ќе биде дозволено превезување на само 20 патници, се наведува во соопштението. Откако во мај во голема мера го спречи ширењето на коронавирусот и повторно ги отвори училиштата, плажите и бизнисот, Израел во послендите неколку недели е погоден од драстично зголемување на инфекциите.

Во земјата се вообичаени сцените каде Израелци ги игнорираат ограничувањата на социјалното дистанцирање и наредбите за носење маски. Во Израел досега се заразени со коронавирус повеќе од 30.000 лица, а 332 умреле.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел