Израел се подготвува за евентуален напад врз иранските нуклеарни постројки

Од:

Израел одобри буџет од пет милијарди шекели (околу 1,5 милијарди американски долари) за обука на армијата за евентуален напад против иранската нуклеарна програма, објави „Тајмс Израел“.

Буџетот е за 930.000 долари повеќе од претходниот, како и за 620.000 долари повеќе од следниот планиран буџет, што треба да биде усвоен во ноември.

Во буџетот предвидено е купување на разни авиони, беспилотни летала за собирање разузнавачки информации и специфична муниција потребна за таква операција, која ќе треба да биде насочена кон подземни објекти со голема заштита.

Буџетот е усвоен откако американските воздухопловни сили соопштија дека нивниот нов „Уништувач на бункер“ (GBU -72 Advanced 5K Penetrator) успешно го поминал тестот. Според израелските медиуми бомбата од 2.260 килограми може да се искористи за напад врз иранските нуклеарни постројки.

Израелската телевизија Канал 12 објави дека Израел нема авион бомбардер кој може да го носи „Уништувачот на бункер“.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски