Израел размислува за трајно примирје со Хамас, тврдат израелските медиуми

Од:

Израел размислува за трајно, неофицијално, примирје со палестинското радикално исламистичко движење Хамас, кое го контролира Појасот Газа, јавија израелските медиуми, цитирани од агенција ДПА.

Според телевизијата „Канал 12″, високи израелски безбедносни функционери во неделата пред премиерот Бенјамин Нетанјаху во општи црти ги изложиле условите од спогодбата со Хамас, што била договорна со посредништво на Египет.

Се очекува израелскиот владин кабинет во среда повторно да го разгледа неофицијалниот договор, но „Канал 12″ посочува дека до гласање може да се дојде дури по парламентарните избори, закажани за 2 март.

Телевизијата забележува дека примирјето ќе даде можност повеќе палестински трговци да добијат одобренија за влегување во Израел. Тоа, исто така, ќе ја прошири риболовната зона во крајбрежјето на Појасот Газа и ќе создаде услови за изградба на гасовод.

Во замена за тоа Хамас ќе вложи повеќе напори во запирање на палестинските екстремистички групи, кои се активни во енклавата, а кои истрелуваат ракети врз Израел.

Оваа информација засега не е потврдена ниту од канцеларијата на премиерот Нетанјаху, ниту од Хамас.

Би можело да ве интересира

Хамас повика на ескалација на сите фронтови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Ердоган се сретна со лидерот на Хамас и ги повика Палестинците на единство против Израел

Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган

Катерина Ѓуровски

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел