Израел прифати група украински еврејски сираци на романската граница

Од:

Повеќе од 100 еврејски сираци спасени од украинскиот град Житомир биле прифатени од израелските власти на границата со Романија, соопшти израелската дипломатска служба.

Израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид на Твитер соопшти дека децата биле пречекани на границата и оти им биле дадени ќебиња и топла облека пред да заминат за Израел.

Рони Шабтаи, израелскиот конзул во Романија, им посака „подобар живот“ за време на краткиот говор во автобусот.

Во Житомир, град на 140 километри западно од Киев, неколку луѓе беа убиени во вчерашните руски напади.

Израел проценува дека околу 200.000 украински граѓани имаат право да емигрираат во Израел поради нивната еврејска вера или поради нивното еврејско потекло.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата