Израел почна со вакцинација на странските работници и на азилантите

Од:

Израелските власти денеска почнаа со вакцинирање на странски работници и баратели на азил како дел од иницијативата за вакцинирање и на странски државјани, покрај израелските граѓани.

Десетици баратели на азил и странски работници чекаа во редови на неколку места за вакцинација за да ја примат вакцината бесплатно.

Повеќето се мигранти и странски работници од Филипини, Молдавија, Нигерија, Судан и Еритреја.

Портпаролот на општината Тел Авив Ејтан Шварц изјави дека Владата има одговорност „да ги вакцинира сите во рамки на националните граници“ и дека во следниот чекор ќе ги вакцинира илегалните мигранти, како и оние без документи.

Израел спроведува масовна имунизација од декември, а досега првата доза ја примиле 3,5 милиони луѓе, а втората најмалку 2,1 милиони. Израел, исто така, почна да доставува илјадници вакцини на здравствените работници на територијата под Палестинска управа.

Досега во Израел биле заразени повеќе од 700.000 луѓе, а најмалку 5.192 починаа.

Би можело да ве интересира

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Русија разви вакцина против новите варијанти на коронавирусот

Катерина Павлова-Николовска

Германец примил 87 вакцини против ковид

Израел целосно ги укина ковид-пропусниците

Војската на САД работи на моќна супер-вакцина против коронавирус

Бројот на тешко болни со Ковид-19 во Израел најголем од февруари 2021 година