Израел побарал од САД да не ја замрзнуваат воената помош за Египет

Од:

Израел побара од САД да не ја замрзнуваат воената помош за Египет по соборувањето на претседателот Мохамед Морси од армијата.

Барањето има за цел да ја спречи примената на американскиот закон, што забранува доделување на финансиска помош за режим што дошол на власт по пат на воен удар.

Според израелското државно радио израелски официјални лица побарале од САД да не ја замрзнуваат воената помош за Египет, која изнесува 1,3 милијарди долари годишно.

Весникот „Аарец“, повикувајќи се на неименуван американски висок претставник, објави дека се водени „маратонски“ телефонски разговори за ова прашање меѓу премиерот Бенјамин Нетанјаху и државниот секретар Џон Кери, меѓу израелскиот министер за одбрана Моше Јалон и американскиот колега Чак Хејгел и меѓусоветниците за национална одбрана на двете земји Јаков Амидрор и Сузан Рајс.

Би можело да ве интересира

САД и Германија ги предупредија Израелците да не ја напаѓаат Рафа

Британците првпат со падобрани испорачаа помош во Газа, испратија порака и до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел не дозволува конвои со храна да минуваат до северниот дел на Газа

Катерина Ѓуровски

САД предлага итен прекин на огнот во Газа

Блинкен во обид да договори примирје меѓу Хамас и Израел

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск