Израел одговори на нападот од Појасот Газа

Од:

Израелските воено воздухопловни сили утрово извршија напад во Појасот Газа, неколку часа откако палестинска вооружена група истрела ракета во јужниот дел на Израел.

„Извршен е напад врз терористички објект во северниот дел на Појасот Газа како одговор на истреланата ракета во Јужен Израел“, потврди израелската армија.

Населен реон во јужниот дел на Израел, вчеравечер беше погоден ор ракета истрелана од вооружена палестинска група во Појасот Газа.

Во нападот нема жртви, но врз една куќа е причинета материјална штета, потврди портпарол на локалната полиција.

Со нападот се стави крај на договорениот прекин на огнот од 48 часа по вооружените судири за време на викендот меѓу палестинските борци во Газа и израелската полиција, во кои беа убиени петмина Палестинци.

 

Би можело да ве интересира

САД и Германија ги предупредија Израелците да не ја напаѓаат Рафа

Британците првпат со падобрани испорачаа помош во Газа, испратија порака и до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел не дозволува конвои со храна да минуваат до северниот дел на Газа

Катерина Ѓуровски

САД предлага итен прекин на огнот во Газа

Блинкен во обид да договори примирје меѓу Хамас и Израел

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск