Израел: Нема нова Влада на повидок, можни и трети избори за помалку од година

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повторно се спротивстави на евентуалното формирање нова малцинска Влада која би била поддржана од „Заедничката листа“.

Нетанјаху тврди дека тие „сакаат да ја збришат државата Израел“.

-Ова е клучен момент во историјата на Израел во кој постои можност за неколку часа да се формира влада која ќе зависи од приврзаници на терористите. Тоа е влада за која сонуваат Хамас, Иран и Хезболах, повтори Нетанјаху.

На изборите од 17 септември партијата Ликуд на премиерот Нетанјаху освои 33 пратенички места, а сојузот „Сино и бело“ еден мандат помалку, додека за самостојна влада се потребни 61 пратенички мандати од вкупно 120 места во израелскиот Кнесет.

Нетанјаху ја има поддршката од 55 пратеници на десничарските и верските партии, а неговиот соперник од сојузот на партии на центарот „Сино и бело“, Бени Ганц, има 54 , вклучувајќи и 10 арапски.

Израелскиот претседател Рувен Равлин по септемвриските избори прво мандатот за формирање влада му го даде на Нетанјаху , а откако тој не успеа да создаде парламентарно мнозинство, мандат доби и Ганц на кого за тоа му останаа уште два дена.

Конзервативниот Ликуд тврди дека малцинската влада, што би ја предводел Ганц, со поддршка на арапските партии , би била „национален напад на државата Израел“.

Нетанјаху во неделата на еден партиски собир кажа дека пратениците Арапи од сојузот „Заедничка листа“ тежнеат да го уништат Израел, додавајќи дека затоа евентуалното формирање малцинска влада од страна на Ганц ќе се слави „ во Техеран, Рамала и Газа“.

Во својот одговор на прозивките Ганц, поранешен командант на израелската војска, рече дека и тој има „ некои недоразбирања“ со членовите на арапската „Заедничка листа“, но дека со нив се согласува „за некои работи“.

Лидерот на националистичката партија „Израел наш дом“, Авигдор Либерман, изјави дека не е за никаква малцинска влада – ни на Нетанјаху, ни на Ганц, нити е за уште едни избори, туку дека решението е во формирање „ влада на национално единство“.

Доколку сегашниот мандатар Ганц не успее да формира влада, потоа во рок од 21 ден тоа ќе може да се обиде да го направи било кој пратеник, а ако владата ни тогаш не биде формирама Израел ќе мора да оди на трети избори за помалку од една година.

Би можело да ве интересира

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

Откриен еден од израелските планови за одмазда на Иран

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Израелскиот министер за одбрана разговараше со својот американски колега: Немаме друг избор освен да му одговориме на Иран

Предраг Петровиќ