Израел нападна воени позиции околу Дамаск

Од:

Во текот на ноќта Израел изврши воздушни напади врз сириски воени позиции околу Дамаск, во кои загинаа тројца војници, а уште седум беа ранети, а причинета е значителна материјална штета, јави ДПА.

Во извештајот за тој напад, сириските државни медиуми цитираа воен претставник кој рече дека ракетите биле истрелани нешто по полноќ од сириската Голанска висорамнина, која беше окупирана од Израел, и изјави дека сириските сили за воздушна одбрана успеале да соборат некои на проектилите.

Израел, кој досега изврши стотици напади врз цели на територијата на Сирија за време на граѓанската војна во таа земја, во 1981 година еднострано ја анектира Голанската висорамнина, која е на околу 60 километри од главниот град Дамаск.

Во јуни израелските воздушни напади привремено ја прекинаа работата на меѓународниот аеродром во Дамаск.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски