Израел нападна цели на Хамас по ракетниот напад од Газа

Од:

Израелски авиони утринава погодија неколку цели во Појасот Газа како одговор на ракетниот истрел синоќа од палестинската енклава.

„Во четвртокот вечерта, милитантите од Газа истрелаа ракети кон јужен Израел кога се огласија сирените за воздушна опасност во тој регион“, соопшти израелската војска.

Според соопштението, ракетата била пресретната, а три одделни обиди за лансирање на ракетата биле неуспешни и тие експлодирале во Газа.

Се уште никој не ја презеде одговорноста за овој напад, но во минатото Исламски џихад истрелуваше ракети како одговор на убиството на неговите членови.

Израелската армија објави дека по овој напад ја погодила подземната локација што ја користеше владејачкиот Хамас во Газа како објект за производство на ракети.

„Воздушните напади значително ќе ги намалат ракетните капацитети на Хамас“, се вели во соопштението на војската, која ја обвини милитантната исламистичка организација за нападите во Газа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски