Израел ќе одржи разговори со Либан следниот месец

Од:

Израел ќе одржи разговори со Либан следниот месец во обид да го реши долготрајниот спор околу поморската граница, изјави израелски официјален претставник.

Официјалниот претставник рече дека министерот за енергетика Јувал Штајниц ќе ја предводи израелската делегација во разговорите со посредство на САД. Претставници од трите земји најверојатно ќе зборуваат преку видео конференција заради пандемијата на коронавирусот, рече официјалното лице.

Од Либан засега нема коментар.

Израел и Либан немаат дипломатски односи и технички се во воена состојба. Секој од нив тврди за околу 860 квадратни километри (330 квадратни милји) од Средоземното Море дека е нивна ексклузивна економска зона.

Би можело да ве интересира

Најмалку седум загинати во израелскиот напад врз јужен Либан

САД и Германија ги предупредија Израелците да не ја напаѓаат Рафа

Британците првпат со падобрани испорачаа помош во Газа, испратија порака и до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел не дозволува конвои со храна да минуваат до северниот дел на Газа

Катерина Ѓуровски

САД предлага итен прекин на огнот во Газа

Блинкен во обид да договори примирје меѓу Хамас и Израел