Израел ќе им даде 5000 вакцини на Палестинците

Од:

Под притисок на Обединетите нации Израел ќе му испрати на медицинскиот персонал во окупираната Западен брег 5000 дози вакцини против Ковид-10 соопшти министерството за одбрана.

Вакцините ќе бидат од израелските залихи. Од почетокот на имунизацијата во Израел вакцинирани се повеќе од три милиони луѓе што е третина од населението во земјата.

Во Појасот Газа на палестинска територија под контрола на Хамас и на окупираниот Западен брег под управа на Махмуд Абас, вакцинирањето уште не е почнато.

Обединетите нации минатата недела ги повикаа израелските власти да придонесат во вакцинацијата на Палестинците потсетувајќи ги при тоа на „обврските кои Израел ги има според меѓународното право“.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Словенија и Шпанија: Ќе ја признаеме Палестина