Израел ќе и даде на Палестинската управа 1,2 милиони дози вакцини „Фајзер“

Од:

Израел ќе им даде 1,2 милиони дози вакцини Фајзер против коронавирусот на палестинските власти во наредните денови, одлучи новиот израелски министер за здравство, Никан Хоровиц.

Така, на палестинските власти ќе им бидат испорачани однапред вакцините што Фајзер требаше да ги достави наесен, соопшти Кабинетот на израелскиот премиер.

Се проценува дека залихите на вакцини во Израел се доволни за тековните потреби.

Вакцините ќе бидат наменети за жителите на Западниот брег и Појасот Газа.

Според палестинското Министерство за здравство, 436.275 Палестинци на тие територии примиле барем една доза на вакцина, а околу 260.000 жители ги примиле двете дози, вклучително и 100.000 палестински работници вакцинирани од Израел во последните месеци.

Повеќето Палестинци биле вакцинирани на Западниот брег, а само 52.000 жители на Газа добиле една или две дози.

Би можело да ве интересира

Словенија и Шпанија: Ќе ја признаеме Палестина

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

Откриен еден од израелските планови за одмазда на Иран

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат