Израел ќе бара од ОН да ги признае еврејските бегалци

Од:

Израел сака ОН да ги признаат за бегалци стотици илјади Евреи кои ги напуштиле арапските и другите муслимански земји во минатиот век, изјави израелскиот амбасадор во ОН, Дени Данон.

Генералното собрание на ОН соопшти дека планира да предложи резолуција за „заборавените“ еврејски бегалци за да се спротивстави на она што Израел го гледа како едностран фокус на палестинските бегалци.

„Ние не ја слушаме меѓународната заедница како зборува за нив (израелски бегалци) кога разговара за бегалци од конфликт, можеби затоа што тоа не му одговара на палестинскиот наратив“, рече Данон.

Тој не ја опиша детално планираната резолуција, освен дека тоа „ќе ја признае неправдата што ја претрпеле Евреите и ќе ја исправи“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел