Израел ја отфрли резолуцијата на ОН и се заблагодари на поддршката на САД

Од:

Израел ја отфрла резолуцијата на ОН со која што се повикува САД да ја повлечат одлуката за признавање на Ерусалим за главен град на Израел, изјавија од канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Тие додаваат дека се задоволни од фактот што многу земји не гласаа за поддршка на оваа одлука и се заблагодарија на американскиот претседател Доналд Трамп за недвосмислената позиција во корист на Ерусалим и на земјите кои гласаа заедно со Израел и со вистината.

„Статусот на Ерусалим е прашање за кое треба да се разговара во рамките на блискоисточниот мировен процес, а не да се дефинира од трета страна, посочи на Твитер германското Министерство за надворешни работи.

„Статусот на Ерусалим треба да се реши во рамките на преговори меѓу двете страни. Решението не смее да се наметнува од надвор. Токму од таа причина денеска гласавме за резолуцијата на ОН, која одговара на нашата позиција”, објасни германското министерството.

Би можело да ве интересира

Бројот на загинати борци на Хезболах може да достигне и до 4.000

Најмалку 17 Палестинци загинаа низ Газа во израелски напади

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Хамас е подготвен за прекин на огнот со Израел

Нетанјаху: Израел ќе одговори со сила на секое прекршување на примирјето во Либан

Горан Наумовски