Израел изврши воздушни напади врз Газа и го нападна Хамас во Либан

Од:

Израел синоќа ја нападна инфраструктурата на Хамас во Појасот Газа како одговор на повеќе од 30 ракети истрелани од Либан на израелска територија, за што ги обвинува палестинските групи.

Агенцијата Франс прес јавува дека најмалку три експлозии се слушнале во Газа околу 23:15 часот, неколку минути пред израелската војска да објави дека „врши напади врз Појасот Газа“.

Воените авиони погодија „тунел“ во областа Беит Ханун (северно од Појасот Газа) и друг во областа Кан Јунис (јужно од територијата), се наведува во соопштението на израелската армија.

„Погодени се и два центри за производство на оружје кои му припаѓаат на Хамас“, исламистичкото движење кое е на власт во Појасот Газа од 2007 година, се додава во текстот, претставувајќи ја операцијата како „одговор на (израелското) безбедносно нарушување извршено од Хамас овие денови“.

Нападите продолжија и половина час подоцна, а звукот на авионот јасно се слушал над градот. „Ќе ги удриме нашите непријатели и тие ќе ја платат цената за секој напад“, изјави претходно израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на отворањето на состанокот на ограничениот безбедносен кабинет.

Во попладневните часови од Либан беа истрелани повеќе од триесет ракети кон Израел, што е невидена ескалација на израелско-либанскиот фронт од 2006 година. Израелската војска ги обвини палестинските милитанти дека стојат зад пукањето во кое беше повредено најмалку едно лице.

Израелската војска соопшти дека нападнала цели на исламистичката група Хамас во јужен Либан и ги засилила нападите во Појасот Газа, по ракетните напади врз Израел извршени од Либан во четвртокот.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски