Израел: Извршен удар врз ирански цели во близина на Дамаск како одговор на ракета испукана од Голан

Од:

Израелската војска денеска објави дека погодила неколку ирански позиции во близина на Дамаск и соопшти дека го извршила ударот со „голем обем“ како одговор на ракета испукана вчера од Голанската висорамнина.

Сириските државни медиуми објавија дека загинале двајца цивили.

Израелската војска соопшти дека нејзините бомбардери пукале врз повеќе позиции на иранската елитна единица Кудс, вклучувајќи складиште за оружје и воени бази. Израелската војска исто така соопшти дека уништила неколку сириски противвоздушни ракети.

Израел тврди дека вчерашниот ракетен напад од Голанската висорамнина бил „дополнителен доказ за целта на иранското присуство во Сирија“.

Сириската државна телевизија јави дека двајца цивили загинале во денешните израелски воздушни напади во близина на Дамаск.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел