Израел изведе нов напад на Газа

Од:

Во новиот израелски напад на појасот Газа, убиени се тројца палестински борци. Вооруженото крило на Хамас, Brigade Ezedin el-Kasam, соопшти дека убиените се негови припадници.

Бројот на жртви на палестинската страна во акциите на израелската војска достигна 11, а ранети се над 100 луѓе.

Портпарол на израелската војска потврди дека имало воздушен напад врз цели на југот на појасот Газа.

Претходно, Ахмед Џабари, лидер на военото крило на Хамас е убиен во израелски воздушен напад. Нападот е спроведен како дел од израелската воена кампања, која беше покрената, според нивните зборови, против “терористички цели” во областа на Појасот Газа.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, најави дека војската на неговата земја е подготвена да ги прошири своите акции против Хамас. Веднаш потоа владата нареди дополнителна мобилизација.

Палестина побара од ОН да ја спречи воената операција во Газа, а вечерва би требало да заседава Советот за безбедност на ОН.

Би можело да ве интересира

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност