Израел и Турција почнуваат нова ера на односи

Од:

Израел и Турција денеска договорија отпочнување на подобри односи, соопшти канцеларијата на поранешниот и најверојатно на идниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху.

Тој и претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган во телефонски разговор ветија дека ќе соработуваат на иницирање на нова ера помеѓу двете држави.

Во соопштението се наведува дека Ердоган покажал подготвеност за поправање на односите.

Односите помеѓу Турција и Израел за време на владеењето на Нетанјаху беа нарушени поради честото повторување на војните против милитантната Влада на Хамас во Појасот Газа и нападот на израелската армија врз палестинската флотила во истата област во 2010 година. Ердоган отворено ја критикуваше политиката на Израел кон Палестинците, а Израел пак се спротивстави на прифаќањето на Хамас од страна на Турција.

Сепак, по државната посета на израелскиот претседател Исак Херцог на Турција во март и други знаци на подобрување на односите, двете земји се согласија да разменат амбасадори и тие сè уште споделуваат одредени стратешки интереси, вклучително и „смирувањето на Иран“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

Откриен еден од израелските планови за одмазда на Иран

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Израелскиот министер за одбрана разговараше со својот американски колега: Немаме друг избор освен да му одговориме на Иран

Предраг Петровиќ