Израел и Турција ги обновуваат односите

Од:

Израел и Турција целосно ги нормализираат односите, вклучувајќи враќање амбасадори и генерални конзули, соопштија денеска израелскиот премиер Јаир Лапид и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Според Лапид, „обновување на односите со Турија е важно средство за регионалната стабилност и важни економски вести за граѓаните на Израел“.

Ердоган им посочи на амбасадори во Анкара дека целосното обновување на односите ќе „ни дозволи да им помогнеме на нашите палестински браќа“.

Во текот на вчерашниот ден, генералниот директор на израелското Министерство за надворешни работи Алон Ушпис и турскиот заменик министер за надворешни работи Седат Онал, преку телефонски разговор го финализираа договорот за да им се вратат на целосно дипломатските односи.

Враќањето на дипломатите е „продолжување на позитивниот тренд во развојот на односите изминатава година, откако претседателот Исак Херцог ја посети Анкара, како и заедничките посети на министрите за надворешни работи во Ерусалим и Анкара“, тврдат од Кабинетот на премиерот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

САД и Германија ги предупредија Израелците да не ја напаѓаат Рафа

Британците првпат со падобрани испорачаа помош во Газа, испратија порака и до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел не дозволува конвои со храна да минуваат до северниот дел на Газа

Катерина Ѓуровски

САД предлага итен прекин на огнот во Газа

Блинкен во обид да договори примирје меѓу Хамас и Израел

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск