Израел го забрзува темпото, до крајот на јануари два милони вакцинирани и со втората доза против Ковид-19

Од:

Израел соопшти дека до крајот на јануари два милиона луѓе ќе примат две дози од вакцината против Ковид-19, со што темпото кое го постави премиерот Бенјамин Нетанјаху е најбрзото во светот.

Откако Нетанјаху ја прими првата доза од вакцината на 19 декември, Израел направи агресивен притисок за добивање на вакцината, развиена од американско-германскиот фармацевтски сојуз Фајзер/БиоНТек. Генералниот директор на Министерството за здравство, Хези Леви изјави дека поради ентузијастичкиот прием, Израел ќе ја намали брзината на вакцинацијата за да се снабдат со набавки. Вакцината треба да се дава двапати во интервал од три недели.

– Го забавивме темпото на вакцинација со првата доза, за да можеме да задржиме резерви од втората доза, за сите оние кои ја примиле првата, изјави Леви, додавајќи дека околу една петтина од луѓето во Израел, почнувајќи од здравствените работници и оние над 60-годишна возраст, ќе ги добијат и двете дози до крајот на овој месец.

Од петокот, еден милион луѓе ја добија својата прва инјекција.

– Ги уриваме сите рекорди. Ние сме пред целиот свет, нагласи Нетанјаху.

Израелското централно биро за статистика на крајот на 2020 година соопшти дека бројот на населението во Израел изнесува 9,29 милиони. Бројката го вклучува и анексираниот Источен Ерусалим, каде што израелскиот суверенитет не е признат од поголемиот дел на меѓународната заедница.

Министерството за здравство денеска соопшти дека досега во Израел 435.866 лица биле тестирани на коронавирусот, а првиот потврден случај е пријавен во февруари 2020 година. Речиси 3.400 луѓе починаа како последица на вирусот.

Министерството соопшти во петокот дека потврдило 18 локални случаи на новиот мутиран вид на коронавирус, кој првпат беше откриен во Велика Британија.

Би можело да ве интересира

ЕУ ќе побара поголема транспарентност за вакцините заради борба против дезинформациите

Поради делта варијантата ќе треба да биде вакцинирано 90 проценти од населението

Катерина Павлова-Николовска

МЗ: Вчера се аплицирани 13.232 вакцини

А1он

Во Израел најголем број случаи на Ковид-19 за 24 часа од почетокот на пандемијата

Израелско истражување: Третата доза вакцина дава четири пати поголема заштита од првите две дози

Израел регистрира повеќе од 6.000 новозаразени во еден ден, најмногу од февруари годинава