Израел го нападна Дамаск со проектили, загинаа двајца цивили

Од:

Во израелски воздушен напад насочен кон област во близина на сириската престолнина Дамаск, загинаa двајца цивили, а e забележана „одредена материјална штета“, јавија денеска сириските државни медиуми, повикувајќи се на воен извор.

Сириската противвоздушна одбрана пресретна ракети лансирани од Израел во 00:15 часот од Голанската висорамнина и „собори повеќето од нив“, додаде изворот.

Израелската војска одби да коментира. Израел со години извршува напади врз, како што вели, цели поврзани со Иран во Сирија, каде што влијанието на Техеран се зголеми поради поддршката на Иран за претседателот Башар ал Асад во граѓанската војна што започна во 2011 година.

Би можело да ве интересира

САД и Германија ги предупредија Израелците да не ја напаѓаат Рафа

Британците првпат со падобрани испорачаа помош во Газа, испратија порака и до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел не дозволува конвои со храна да минуваат до северниот дел на Газа

Катерина Ѓуровски

САД предлага итен прекин на огнот во Газа

Блинкен во обид да договори примирје меѓу Хамас и Израел

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск