Израел ги предупреди граѓаните на ирански напади

Од:

Израелската безбедносна агенција денеска ги предупреди граѓаните да не патуваат во Обединети Арапски Емирати и Бахреин поради закана од ирански напади.

Во соопштението се наведува Израелците да ги избегнуваат и Грузија, Азербејџан, курдските делови на Ирак, во Турција, Јордан и во Египет.

– Проценуваме дека Иран ќе продолжи да работи за да и наштети на израелските цели, се посочува во соопштението.

Откако Израел минатата година воспостави дипломатски односи со ОАЕ, Дубаи и Абу Даби станаа популарни туристички дестинации за Израелците.

Иран го обвинува Израел за ликвидацијата на научник кој работеше на иранската нуклеарна програма и Техеран вети одмазда. Израел го обвини Иран дека стои зад минатомесечниот напад врз израелски товарен број во Омански Залив.

Би можело да ве интересира

САД и Германија ги предупредија Израелците да не ја напаѓаат Рафа

Британците првпат со падобрани испорачаа помош во Газа, испратија порака и до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел не дозволува конвои со храна да минуваат до северниот дел на Газа

Катерина Ѓуровски

САД предлага итен прекин на огнот во Газа

Блинкен во обид да договори примирје меѓу Хамас и Израел

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск