Израел дозволи риболов во Газа по договор со Хамас

Од:

Израел соопшти дека на брегот на Газа повторно е отворена рибарската зона, по договорот за прекин на огнот со водачите на милитантното движење Хамас, со што беше прекинат најжестокиот конфликт помеѓу двете страни од војната од 2014 година.

Израелското тело одговорно за палестинските цивили соопшти дека Израел денеска ќе ја испитува палестинската рибарска зона во максимум 12 наутички милји, со цел „да спречи влошување на хуманитарните услови во блокираниот Појас Газа.

Примирјето, склучено со посредство на Египет, Катар и ОН, го врати мирот на нестабилната граница, откако викендот, по ескалација на судирите беа убиени 25 Палестинци и четири израелски војници.

Се верува дека договорот за прекин на огнот вклучува мерки за економска помош за ублажување на израелско-египетската блокада на територијата, воведени откако Хамас во 2007 година ја презеде контролата над Газа.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Словенија и Шпанија: Ќе ја признаеме Палестина