Израел досега ревакцинираше над половина од населението, животот се враќа во нормала

Од:

Израел досега вакцинираше повеќе од половина од населението со двете дози од вакцината против Ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство.

Ваквата ситуација им овозможи на здравствените власти, во земја со население од 9,3 милиони жители, да почнат со укинување на ограничувањата на Ковид-19, така што животот во Израел полека почна да се враќа во нормала.

Дистрибуцијата на вакцината „Фајзер“/ „БиоНТек“ во земјата почна во декември, а се имунизира популацијата над 16 години.

Вакцината се смета за целосно ефикасна една недела по втората доза.

Министерот за здравство, Јули Еделштајн, во изјавата со која го најави новиот пад на бројот на нови случаи со коронавирус, ги повика Израелците да ги следат здравствените препораки за „коронавирусот да не се врати“.

Би можело да ве интересира

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

Откриен еден од израелските планови за одмазда на Иран