Израел дополнително ги обезбеди своите амбасади по убиството на иранскиот научник

Од:

Израел денеска ги стави во состојба на аларм своите амбасади ширум светот, откако иранските лидери се заканија со одмазда по убиството на нуклеарниот научник, Мохсем Фахризад, во близина на Техеран, јави израелскиот телевизиски канал „12 Њуз“.

Портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи изјави да министерството не ги коментира безбедносните прашања поврзани со неговите претставници во странство, јавија британските медиуми.

Иранскиот нуклеарен научник, Мохсем Фахризад, кого Западот го идентификува како главниот архитект на тајната програма за нуклеарно оружје, вчера беше убиен во атентат во близина на Техеран.

Фахризад почина во болница по повредите што му ги нанеле атентаторите, кои прво го нападнале со автомобил-бомба, а потоа и отвориле оган кон неговиот автомобил.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски