Израел до своите граѓани: Веднаш да ги напуштите Турција и Мароко

Од:

Советот за национална безбедност на Израел издаде предупредување до своите граѓани да не патуваат во Турција и Мароко, наведувајќи ги стравувањата дека израелските патници ќе бидат цел на оние кои се лути поради тековната војна меѓу Израел и Газа.

Тие додадоа дека нивото на опасност за Турција е подигнато на четири и затоа ги повикаа сите Израелци да ја напуштат Турција што е можно поскоро, пишува The Times of Israel.

За Мароко нивото на опасност е зголемено на два, а израелските туристи се повикуваат да бидат дополнително внимателни.

Инаку, бројот на антисемитски напади се зголемува ширум светот по избувнувањето на конфликтот меѓу Израел и Хамас. Конфликтот, кој прерасна во војна, започна со напад на милитантите на Хамас. За време на нападот оваа терористичка организација уби и киднапира цивили и ги однела во Газа, а подоцна се заканила дека ќе ги погуби заложниците. Израелците одговорија со контранапад.

Би можело да ве интересира

Најмалку 19 лица загинаа во нови израелски напади врз Газа

А1он

Десет членови на едно семејство, меѓу кои седум деца, загинаа во израелски напад во Газа

Во израелскиот напад на градот Газа загина најмалку 23 лица

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа се искачи на 62

Најмалку 21 Палестинец убиен во денешните израелски напади во Газа