Изненадувачко гласање од европратениците против клучниот текст за реформа на пазарот на јаглерод

Од:

Европратениците на пленарна седница го отфрлија клучниот текст за реформата на европскиот пазар на јаглерод, која Зелените и левицата ја оценија недоволно амбициозна, што ќе доведе до повторно преговарање за овој столб од климатскиот план на ЕУ во парламентарната комисија, јави дописникот на МИА.

Овој текст, кој предвидува проширување на пазарот за тргување со квоти за емисија на CO2, но и укинување на слободните квоти за европските индустријалци во замена за данок на јаглерод на границите на ЕУ, беше отфрлен на општо изненадување со 340 гласа против (265 за, 34 воздржани), Зелените и левите европратеници ги осудуваат предлозите на ЕНП (десница) и Ренесанса (центристи и либерали) за агендата и целите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина