Изгласана резолуција за дигитална еднаквост во образованието во ЕУ

Од:

Европратениците со огромно мнозинство ја поддржаа резолуцијата со која се бара конкретни мерки за затворање на „дигиталниот јаз„ во ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Резолуцијата е усвоена со 593 гласа „за“, 58 „против“ и 36 „воздржани“.

Европскиот Парламент со овој текст бара од институциите во ЕУ да воведат конкретни и ефикасни мерки за надминување на нееднаквоста во пристап до дигиталните алатки, посебно во областа на образованието.

Триесет и два отсто од учениците во ЕУ немале никаков пристап до образование во последниве месеци откако започна кризата и се затворија училиштата. Ова, сметаат европратениците, ќе има негативни последици во иднина врз приходите и конкурентноста на ЕУ.

– Затворањето на дигиталниот јаз во образованието во ЕУ мора да биде итна преокупација, за Европската Комисија мора да бидат приоритет инвестициите во конективноста и опремата, посебно во оддалечените и руралните области, се наведува во текстот на Европскиот Парламент.

Европратениците исто така изразија жалење и загриженост што Советот на ЕУ, односно земјите членки, донесе одлука да се намалат фондовите за образование и обука и побараа три пати поголем буџет за Еразмус плус програмата.

– Ги охрабруваме земјите членки значајно да го зголемат јавното трошење за образовението, изјави европратеникот Виктор Негреску, од романските социјалдемократи.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески