Изгласана новата коалициска Влада во Ирска

Од:

Членови на двете ирски водечки партии на централната десница и помалата Зелена партија синоќа гласаа за формирање нова коалициска влада, која ќе се фокусира на климатските активности и ќе стави крај на четиримесечната политичка блокада во земјата.

Лидерот на партијата Фиана Фол, Мајкл Мартин треба да биде избран за премиер утре, а на таа позиција ќе ротира со сегашниот премиер Лео Варадкар од Фајн Гејл, како дел од договорот кој првпат ги обединува двете ривалски партии кои доминираат во ирската политика од стекнувањето независност пред еден век.

Парламентарните избори во Ирска се одржаа во февруари, но ниту една партија не освои мнозинство, а коалициските разговори беа прекинати поради пандемијата на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Ирската полиција уапси меѓународна нарко-банда која поседувала дрога вредна една милијарда евра

Горан Наумовски

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он

ВИДЕО: Се смири хаосот во Даблин по нападот со нож во кој беа повредени три деца

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) „Јуриш на поклонети пари„: Се расипаа банкоматите во Ирска, луѓето грабаа по 1000 евра

Паника во Северна Ирска: Полицијата пронашла четири бомби пред посетата на Бајден