Избори во Шпанија, ниска излезност

Од:

Излезноста на денешните парламентарни избори во Шпанија, според досегашните податоци, е помала во споредба со претходно одржаните избори во април.

Шпанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во 14 часот излезноста била 37,9 отсто, а на гласањето на 28 април во истото време изнесувала 41,5 отсто.

Лидерите на главните политички партии во земјата ги повикаа граѓаните да гласаат на парламентарните избори, стравувајќи дека излезноста ќе биде ниска.

– Никој да не останал дома, им порача на гласачите Алберт Ривера од партијата на десниот центар Граѓани (Сиудадос).

Повик до граѓаните да излезат на избирачките места упатија и лидерот на Социјалистичката партија и премиер Педро Санчес, лидерот на Народната партија Пабло Касадо, како лидерот на партијата на екстремната левица Обединети можеме (Подемос), Пабло Иглесиас.

Резултатите од испитувањето на јавното мислење предвидоа дека најмногу до 35 отсто од 37 милиони гласачи во Шпанија би можеле да излезат на изборите.

Предизборните анкети покажаа дека Социјалистичката партија повторно ќе победи, но со помал или ист број пратенички места во Парламентот, односно околу 120 од 350 мандати, со што нема да има мнозинство.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски