Иванка Трамп – главна ѕвезда на женскиот самит Г20

Од:

Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, која е една неговите најблиски и највлијателни соработници, Иванка Трамп денеска пристигна во Берлин на женскиот самит Г20 на кој претставници на 20 најразвиени земји на светот ќе разговараат за актуелите глобални предизвици.

Иванка Трамп во Берлин ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел, а на состанокоот на Г20 со женски претставници ќе учествува во дебати и со првиот човек на Меѓународниот Монетарен Фонд Кристин Лагард.

Неформалниот советник во Белата Куќа минатиот месец беше дел од средбата меѓу претседателот Трамп и канцеларката Меркел во Вашингтон, која според медиумските извештаи не донесе подобрување на односите меѓу САД и Германија.

Германските медиуми сега очекуваат дека посетата на Иванка Трамп може да ги приближи двете земји по почетните тензии меѓу новата администрација во Вашингтон и германската влада во Берлин пред се на полето на трговијата, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Покрај Иванка Трамп и Кристин Лагард, на самитот во Берлин учествуваат и канадската министерска за надворешни работи Кристија Фриленд и холандската кралица Максима.

Би можело да ве интересира

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп

Започнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата

Планот на Трамп за Украина ќе започне со притисок врз Москва и Киев да преговараат

Горан Наумовски

Трамп: Врховниот суд на Аризона отиде предалеку со својата одлука за абортус