Иванишвили го соопшти составот на новата грузиска влада

Од:

Лидерот на коалицијата „Грузиски сон“ Бидѕина Иванишвили денеска на прес конференција го сооопшти составот на новата влада во Тбилиси, што ќе му го предложи за одобрување на новиот парламент, пренесоа руските медиуми.

Иванишвили ќе ја преземе функцијата премиер на Грузија.

За министер за одбрана тој го предлага Иракли Аласанија, кој во 2004 година беше заменик министер за одбрана, а во 2006-2008 година амбасадор на Грузија во ОН.

За министер на внатрешни работи е предложен Иракли Гарибашвили, поранешен долгогодишен шеф на хуманитарниот фонд „Карту“, создаден од Иванишвили.

Министерството за надворешни работи, пак, се предвидува да го предводи Маја Панџикидзе, поранешен амбасадор на Грузија во Германија и во Холандија.

Првото заседание на највисокиот законодавен орган во Грузија, избран пред една недела, се очекува на 20 или 21 октомври.

Резултатите од целосното прелиминарно пребројување покажуваат дека коалицијата „Грузиски сон“ освои 54,85 отсто од гласовите и соодветно на тоа 44 мандати во парламентот спортед партиските листи, како и 39 од 73 пратенички места во изборните единици според мнозинскиот принцип.

Партијата „Единствено национално движење“ на претседателот Михаил Саакашвили освои 40,43 отсто од гласовите на партиските листи, што значи 33 мандата, и 34 места според мнозинскиот принцип низ окрузите, соопштија руските медиуми.

Бројот на пратеници добиен според мнозинскиот принцип и кај двете политички партии може да претрпи промени до најмногу два-три мандата, бидејќи во моментов ЦИК ги разгледува жалбите во повеќе изборни места.

Се очекува конечните резултати да бидат познати на 19 октомври.

Би можело да ве интересира

Грузија сака да воведе закон за странски агенти

Новинар на РТ беше приведен од грузиските власти на аеродромот, а рускиот пасош му беше одземен

Грузиските фудбалери ја победија Грција и обезбедија пласман на ЕП

Голема трагедија во семејството на грузиската претставничка на Евровизија

А1он

(ВИДЕО) Вооружен напаѓач уби четири лица на пазар во Грузија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Ќерката на Лавров предизвика хаос во Грузија: Дојде на свадба, мораше да ја напушти земјата со полициска придружба

Катерина Ѓуровски