Итна средба на министрите за здравство од Г7 за ширењето на Омикрон

Од:

Министрите за здравство на земјите од Г7 денеска на состанок свикан итно од страна на британските власти ќе разговараат за ширењето на новиот сој Омикрон на коронавирусот.

dobivaj vesti na viber

Лондон веќе најави мерки за борба против ширењето на Омикрон. Сите оние кои пристигнуваат во Велика Британија мора да направат ПЦР тест и да останат во карантин додека не бидат достапни резултатите.

Зараза со опасната варијанта на коронавирусот е потврдена кај 13 патници кои со два лета пристигнале од Јужна Африка во Холандија. Вирусот е потврден и во Белгија, Велика Британија, Германија, Италија и Чешка.

Во меѓувреме, Европскиот центар за превенција и контрола на болести предупреди дека новиот вид е поотпорен на вакцините и се шири побрзо.

Би можело да ве интересира

Британците први ја одобрија вакцината против корона за оригиналната и омикронската варијанта

А1он

Плеврис: Кон средината на август може да бидат одобрени нови вакцини за сојот омикрон

А1он

Еден од осум луѓе кои страдаат од коронавирус развива најмалку еден симптом на долгорочен ковид

Катерина Павлова-Николовска

Коронавирусот е направен во лабораторија тврди руското Министерство за одбрана

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

СЗО ја поддржа употребата на вакцина адаптирана на сојот Омикрон

А1он