Итен состанок на НАТО поради потегот на САД

Од:

Амбасадорите на земјите членки на НАТО во Брисел закажаа за денеска попладне итен состанок откако САД најавија повлекување од меѓународниот договор „Отворено небо“, соопштија дипломатски извори.

– Состанокот е закажан за денеска попладне, на кој ќе бидат анализирани последиците од одлуката која ја најави американскиот претседател Доналд Трамп, истакнувајќи дека Русија не го почитувала договорот и затоа САД, исто така, нема да го почитуваат и ќе се повлечат, наведуваат дипломатските извори.

Според изворите, американската одлука е критикувана во Алијансата и „сите сојузници побарале од САД да останат во договорот“.

Договорот „Отворено небо“ (Open Skies Teraty) веќе две децении овозможува извидувачки летови на невооружени авиони над териториите на 34 земји потписнички, што првично требаше да ја зајакне довербата и да овозможи спречување американско-руски конфликти.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

Белата куќа се противи на палестинската државност