Италијанско гратче без ниту еден заразен од коронавирус

Од:

Италијанското гратче Ферера Ербононе е единственото место во земјата каде досега нема потврдено ниту едно заразено лице со новиот коронавирус.

Гратчето, во кое има 1.100 жители, се наоѓа во областа Ломбардија, која е епицентар на италијанската криза предизвикана од Ковид-19.

– Ние сме горди и среќни што ја имаме оваа состојба, но не можам да кажам дека не се плашиме бидејќи луѓето умираат во градот до нас, изјави Мери Де Лука, сопственичка на продавница за храна во ова италијанско гратче.

Таа истакна дека сите жители биле внимателни уште од првиот ден на епидемијата, изразувајќи благодарност до локалните власти кои навремено ја информирале јавноста и обезбедиле заштитни маски и ракавици.

Градоначалникот Џовани Фасина дошол на идеја дека локалното население треба да биде тестирано за антитела на коронавирус. Покраинските здравствени власти го одбиле барањето на Фасина, бидејќи тој сакал испитувањето да го спроведе институт кој не е во мрежата на регионално одобрените лаборатории.

Во Италија досега од коронавирусот се заразени над 105.000 луѓе, а починале повеќе од 12.000. Во областа Ломбардија се 40 отсто од сите италијански случаи на зараза и две третини од починатите лица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим