Италијанскиот министер за здравство: Кој ќе одбие да се лекува од Ковид-19 ќе биде казнет

Од:

Луѓето кои одбиваат лекување откако ќе биде потврдено дека се позитивни на коронавирус би можеле да бидат казнети, изјави денеска италијанскиот министер за здравство, Роберто Сперанца.

Тој рече дека неговиот тим ја разгледува можноста да бидат казнети оние кои мора да одат на лекување, а го одбиваат задолжението.

Сперанца потсети дека пациентите кои веќе се заразени од вирусот, според правилата што моментално се применуваат, а нема да заминат во самоизолација ќе се соочат со затвор од три до 18 месеци, а дека казната ќе биде околу 500.000 евра, јави агенцијата „Анса“.

Според „Анса“, најавата на министерот доаѓа во време кога репродуктивниот фактор во Венето се зголеми од 0.43 на 1.63, со што се зголеми ризикот од ширење на инфекцијата од низок на висок.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим