Италијанскиот државен Завод за статистика ИНПС тврди дека „недостигаат 20.000 луѓе починати како последица од коронавирусот“ и појаснуваат дека причината е во тоа што параметрите кои се користени за причините за смртта не се веродостојни, пишуваат италијанските медиуми.
Периодичните извештаи за смртни случаи биле направени врз основа на податоците објавени секојдневно од Цивилната заштита, а Заводот наведува дека точниот број жртви на коронавирус и смртни случаи од други болести за време на пандемија може да се знае само кога инфекцијата целосно ќе биде искоренета, односно кога ќе се најде вакцина.
Во последните 24 часа нема смртни случаи во девет италијански провинции како резултат на вирусот Ковид – 19, а бројот на заразени опаѓа. Во северната провинција Ломбардија, која беше епицентарот на заразата, бројот на заразени со коронавирус е сè уште голем, 8.710.