Италијански региони воведуваат полициски час

Од:

Во Италија расте бројот на заразени, хоспитализирани и починати лица од Ковид-19, а некои региони воведуваат построги мерки и ограничувања.

Во последните 24 часа има скоро 11.000 новозаразени, 800 нови пациенти биле примени во болници, а бројот на смртни случаи изнесува 87.

Најпогодените региони, Ломбардија и Лигурија, веќе воведоа построги ограничувања од оние што ги донесе Владата.

По Ломбардија и Кампања, уште две покраини воведуваат еден вид полициски час – Лигурија и Пиемонт.

Засега се ограничува работата на трговските центри, а за време на викендите се воведува ноќен полициски час, што значи забрана за движење, додека сите продавници, освен основните, остануваат затворени.

Исто така, како мерка за заштита, се менува и наставата во средните училишта, и засега се преминува на комбинација – половина онлајн, од дома, а другата половина на часови со физичко присуство.

– Работиме деноноќно за да избегнеме карантин. Националниот здравствен систем е зајакнат, оправдано е да се воведат построги рестриктивни мерки во регионите каде што коронавирусот се шири побрзо. Ги замолуваме сите граѓани да се движат само кога е неопходно, изјави министерот за здравство Роберто Сперанца.

Би можело да ве интересира

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим

Италијанската полиција уапси 55 мафијаши

Навивачи на „Брајтон“ се повредени и ограбени во Рим

Силен земјотрес во Италија

Смог го покри Милано, воведени се ограничувања: „Излезете што помалку“

(ВИДЕО) Најмалку тројца загинаа во несреќен случај во Фиренца

Горан Наумовски