Италијанки протестираа против новите мерки за ограничување на свадбите

Од:

Група на млади жени, облечени во венчаници, денеска протестираа во Рим против рестриктивните мерки со кои се забрануваат големите верски собири, како што се свадбите и други свечености пренесува американската телевизија „Си-Ен-Ен“.

Протестот го организираше италијанското здружение за венчавки, а во него се вклучија околу 15 жени. Тие се собраа околу познатата „Фонтана Ди Треви“ каде позираа во венчаници и носеа транспаренти на кои беа напишани пароли, како „Свадба без ограничување“. Групата се појави и пред италијанскиот Парламент, каде им се придружија и луѓето кои се вклучени во организирањето свадби.

Франческа Дел Векио од Неапол за „Си-Ен-Ен“ изјави дека требало да се мажи во септември, но дека поради рестриктивните мерки морала да ја одложи свадбата за најмалку една година. Таа додаде дека датумот на свадбата и не е голем проблем, туку сака, како што кажа, да се омажи без ограничувања од Владата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим