Италијанец криел 20.000 евра во камин, жена му запалила оган за Божиќ

Од:

Жител на Рим мислел дека огништето е добро место за криење обврзници во вредност од 20.000 евра. Се додека неговата сопруга не одлучила да запали оган за Божиќ. Може да се каже дека овогодинешните божиќни и новогодишни празници ќе бидат незаборавни за семејството од улицата Quattro Venti.

Зошто ја криел заштедата токму во огништето? Несреќниот Марио вели дека мислел дека тоа е безбедно место каде крадците никогаш нема да пребаруваат, пишува италијанскиот весник Mesagerro.

Сепак, тој не сметал на сопругата која решила да запали оган за празниците.

„Мојата сопруга не знаеше дека ги криев таму. Секоја година пред да го запалам огнот сам ги преместував“, изјави Марио.

Овој пат, пак, тоа не го направил навреме, па така во пожарот исчезнале обврзници во вредност од 20.000 евра.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: О.Г.А.Н. штанца анкети секој ден, а во седиштето нема никој и се веат пелени

Маја Илиевска-Пачемска