Италијанската Влада ќе понуди субвенционирање на 70 проценти или до 500 евра за набавка на нов велосипед или електричен скутер.
Министерката за транспорт, Паола де Микели, изјави дека мерката ќе биде дел од претстојниот пакет економски стимул од 55 милијарди евра за италијанската економија погодена од коронавирусот.
За време на видеоконференцијата со претставници на Здружението на странски новинари, Де Микели рече дека законот ќе биде одобрен денеска или утре.
Субвенцијата ќе се однесува на жителите на поголемите градови со население од најмалку 50.000 луѓе и има за цел да го поттикне еколошкото движење по ограничувањата наметнати од коронавирусот.
Според Де Микели, поради барањето за социјална оддалеченост, многу помалку луѓе ќе можат да користат автобуси и трамваи и ќе бидат принудени да бараат алтернативни начини за движење низ градовите, како што е возењето велосипед.
Владата планира и промени што ќе им олеснат на локалните власти да градат ленти за возење велосипеди, рече Де Микели.