Италија со предупредување до ЕУ дека ќе се распадне ако кон таа држава се однесува како кон лепрозен

Од:

Италијанскиот министер за надворешни работи предупредува дека Европската унија „ќе се распадне“ доколку владите на земјите од ЕУ, во текот на летната туристичка сезона, ги третираат Италијанците како лепрозни поради „црниот список“ на кој ја ставаат Италија како еден од европските епицентри на коронавирусот.

Луиџи Ди Мајо го објави тој статус на својот Фејсбук профил денеска по одлуката на Грција да ги исклучи Италијанците, како и граѓаните на Шпанија, Велика Британија и други земји со висока стапка на инфекција, од списокот на странски туристи кои се добредојдени ова лето.

Италијанскиот министер наведува дека конкуренцијата во туризмот е една работа, но тој инсистираше на здрав и фер европски одговор на барањето за повторно отворање на границите на ЕУ по завршувањето на пандемијата.

„Ако се однесувате поинаку и погрешно, духот на ЕУ ќе се изгуби. И Европа ќе се распадне“.

Ди Мајо го пофали францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан, кој првпат ја посети Италија во средата.

Ди Мајо најави дека следната недела ќе патува во Германија, Словенија и Грција за да ја претстави подготвеноста на Италија за прием на странски туристи. Туризмот и неговите сродни економски гранки учествуваат со околу 13 отсто од БДП на Италија.

Би можело да ве интересира

Млад жител на Тексас починал откако учествувал на „коронавирус забава“

Ана Ололовска

Трамп првпат во јавност со заштитна маска

Ана Ололовска

Во Косово 203 новозаразени со коронавирусот, починале четири лица

Ана Ололовска

Претседателство со ЕУ – товар на грбот на Ангела Меркел

Ана Ололовска

Во Бугарија уште 292 нови случаи на коронавирус

А1он

Во Црна Гора црн рекорд на новозаразени со Ковид-19

А1он