Италија сеуште ја тресат земјотреси

Од:

Нов земјотрес во Италија од 4,3 степени по Рихтер, со епицентар до Калабрија. Според првите информации нема жртви, но потресот предизвикал огромна паника меѓу жителите кои веднаш ги напуштиле своите живеалишта.

За сега, потврдено дека е оштетена камбанаријата на црквата во Морана, во Јужна Италија, каде училиштата останаа затворени. Епицентарот бил на длабочина од 3 км, а после него следел и нов потрес на длабочина од 8км, потврдува Државниот институт.

Јужна Италија е мета на земјотреси веќе една седмица. Во нив загинаа 6 лица, а илјадници се евакуирани од областа бидејќи земјата и понатаму се тресе. Само синоќа се забележани два силни и уште 11 послаби земјотреси во текот на ноќта.

Би можело да ве интересира

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Земјотрес во Србија

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Земјотрес кај Чачак