Италија: Продолжен карантинот во државата до 13 април

Од:

Италијанскиот премиер Џузепе Конте вечерва ја продолжи мерката за општа изолација во државата најмалку до 13 април.

– Се уште не сме достигнале услови што ќе ни овозможат да ги укинеме мерките. Јас само потпишав указ за продолжување на сегашниот режим на ограничувања до 13 април, рече Конте во телевизиското обраќање.

Мерките требаше да завршат на 3 април.

Конте ги повика Италијанците да ги почитуваат ограничувањата за време на велигденските празници.

Следната фаза ќе биде почетокот на укинување на изолацијата и ќе почне само кога експертите ќе кажат дека е можно, додаде Конте. Трета фаза ќе биде да се излезе од кризата и да се продолжи со нормалниот живот.

Започнувањето и крајот на секоја фаза ќе бидат решени по консултација со Научниот и техничкиот комитет, кои ѝ помагаат на Владата уште од почетокот на кризата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим