Италија: Криумчареле дрога во возило на Брза помош

Од:

Полицијата во пристаништето Месина на Сицилија запленила 30 килограми марихуана која двајца криумчари се обиделе да ја прокриумчарат во возило на Брза помош.

При качувањето на траект кој ги поврзува Сицилија со Калабрија полицајците решиле да го прегледаат возилото затоа што кучињата кои се користат во операции за откривање дрога биле вознемирени во негова близина.

Дрогата била во 50 пакети. Според проценките на полицијата пазарната врдност на дрогата е околу 300 илјади евра. Двајцата криумчари се уапсени.

Би можело да ве интересира

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим

Криминалци од Србија продавале дрога и оружје во Данска, заработиле над два милиони евра

Запленета пратка од 1,7 тони кокаин вреден над 50 милиони долари

Дилер од Битола двапати му продал дрога на дете

Горан Наумовски

Ирската полиција уапси меѓународна нарко-банда која поседувала дрога вредна една милијарда евра

Горан Наумовски

Италијанската полиција уапси 55 мафијаши